Британски пар создал интересен дом од двокатен лондонски автобус
Наместо реновирање на стар имот, еден британски пар се одлучил да купи лондонски двокатен автобус кој станал нивниот нов дом. 26-годишната Чарли МекВикар и нејзиното момче, 27-годишниот Лук Вокер, знаеле дека мора да плаќаат висока станарина или хипотека доколку сакаат да живеат заедно, па наместо тоа се одлучиле да купат лондонски автобус за 2500 фунти.