Пет факти кои треба да ги знаете за домашните тестови за бременост

Точка

08/07/2017

14:02

4.682

Големина на фонт

а а а

Домашните тестови за бременост денес се достапни во голем број, во различни облици, во секоја аптека и најчесто истите имаат поволна цена. Без разлика колку е добро да имате избор, понекогаш знае да биде збунувачки кога ќе се најдете пред еден куп опции, а не знаете што да изберете.

Во продолжение, Ви претставуваме неколку факти кои треба да ги знаете доколку се одлучите да направите домашен тест за бременост. 

Сите мерат една иста работа

Без оглед на цената и произведувачот, секој тест за бременост мери една иста работа – протеинот бета HCG (хуман корионски гонадотропин) кој го лачи постилката и кај повеќето луѓе е познат како хормон на бременост. Бета HCG е инаку присутен во телото, но бременоста ја зголемува неговата количина и тој се смета за сигурен знак дека жената е бремена.

Тестот треба да се направи наутро

Додека спиете, хормонот бета HCG има доволно време да се наталожи во урината во одредена количина. Со самото тоа, поголеми се шансите доколку сте навистина бремени, тестот да покаже и позитивен резултат. Токму затоа во упатствата за користење на секој тест за бременост стои дека е најдобро да го правите наутро.


Поскапите тестови не се поточни

Бидејќи секој тест мери една иста работа со ист метод, поголемата цена не значи и поголема прецизност. Вистина е дека некои тестови ја „уловуваат“ и пониската количина на бета HCG, но тоа не значи и дека подобро го прават тоа од останатите. Понекогаш, тоа може да доведе и до лажен позитивен резултат, пишува Women’s Health.

Крвни проверки

Сите домашни тестови за бременост се темелат на мерење на бета HCG од урината, но Вашиот гинеколог задолжително ќе спроведе крвна проверка за да го утврди уделот на бета HCG во крвта и дополнително да ја потврди бременоста.

Здравјето може да влијае на резултатите

Одредени лекови, обично оние кои се наменети за зголемување на плодноста, содржат во себе бета HCG и така можат да доведат до лажен позитивен резултат кај домашните тестови за бременост. Ракот на јајниците, исто така, може да го подигне нивото на HCG во организмот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk