Полицајците останале запрепастени: Ја отсекол главата на неговата сопруга и ја однел во полициска станица

Точка

12/09/2018

15:23

3.686

Големина на фонт

а а а

Бесен Индиец влегол во полициска станица во Чикмагалур на југот на Индија, носејќи ја во своите раце главата на неговата сопруга, како и мачетата со која што ја отсекол.

Како што пренесуваат локалните медиуми, неколку шокирани полицајци вреснале и му рекле веднаш да ја врати главата назад во вреќата, од каде што тој ја извадил и им ја покажал на сите да ја видат.

„Господине, ова е мојата сопруга. Ја сакав со целото мое срце“, им рекол човекот на полицајците. Тој им раскажал дека таа го изневерувала и збеснал кога ја видел со нејзиниот љубовник.

Нејзиниот љубовник имал криминално досие во полиција, а таа дури и подигнала кредит од околу 3,600 евра за да му ги даде на нејзиниот љубовник. Полицајците едвај успеале да го смират, по што го наговориле да ги одведе до нејзиното тело, по што го уапсиле.

Тој и неговата сопруга биле во брак седум години и имале две деца.

„Знаевме дека имаат семејни проблеми. Неколку пати ги советувавме, но не знаевме за прељубата“, изјавиле од локалната полициска станица.