Оливера Ѓоргоска: Кањонот Зион е одличен за вежбање и кондиција

Точка

12/08/2019

13:43

13.928

Големина на фонт

а а а

Сместен на раскрсницата на платоните на Колорадо, Големиот слив и Мојаве пустината се наоѓа кањонот Зион. Најниската точка во паркот е 3.666 стапки (1,117 m) на Коалитс мијал и највисокиот врв е 8.726 стапки (2,660 м) на планината Коњ Ранч.

Токму таму ќе ве прошета Оливера Ѓоргоска, но не е препорачливо да тргнете ако се плашите од височина, или како што би рекла таа „ви се врти во главата“.  


Каде се наоѓа кањонот и зошто ти беше предизвик да го посетиш? 

- Кањонот Зион се наоѓа во Јута (Utah) и е еден од најголемите туристички атракции тука. Околу два саати е возење од Лас Вегас. Многу е блиску и никогаш не сум била во овие 4 години живееќи во Лас Вегас. Конечно ова лето решив да го посетам и стварно беше прекрасно искуство. Пејсажите едноставно ве остааваат без здив, а и качувајќи се по ридовите и планините се до врвот буквално ќе останете без здив. Супер е за кондиција и вежбање. хехе 


Што е специфично за него?

- Специфично за него е тоа што патеките се многу стрмни и качувањето по карпите е многу напорно. Туристите кои се упатуваат на оваа авантура ќе мора да се справат со сериозни пречки додека се стигне до крајната дестинација. Една од нив е качување по ридовите каде што единствена потпора што ја имаш се железните ланци каде што висат на ѕидовите од ридовите. Вкупна промена на надморска височина е 1488 стапки. Ако сте чуствителни на височини, препорачливо е да не гледате надолу затоа што може да ви се сврти во главата. Но, на крај погледите на прекрасните панорами од шарените карпи се неописливи. Сликите можат да доловат само мал дел од убавината на овој кањон. 

Летово го користиш за одмор или има и работа?

- Ова лето е исполнето со многу време поминато во студио и конечно снимајќи нови песни, пишувајќи ја мојата дипломска која што треба да биде околу 200 страни и малце да се балансира, ги истражувам повеќе убавините околу Лас Вегас, како на пример кањоните што ги посетив.  

Не го одмина и Пацификот?

- Ова лето друга дестинација беше и сеуште е Калифорнија. Многу често одам таму поради тоа што тимот со кој соработувам и студијата се во Лос Ангелес. И секако не можам да му одолеам на Пацификот, така да често ќе ме најдете на плажа.


Што е за тебе вистински одмор?

- За мене вистински одмор е кога сум на море, езеро или океан, (што било се додека сум блиску до вода), со моите најблиски или семејство, исклучена комплетно од сите социјални мрежи. Се надевам дека во блиска иднина или следно лето ќе се случи и тоа.   

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг