На оваа жена сè ѝ прилега: Пенелопе Круз драстично го промени имиџот - еве како изгледа сега

Кармин

17/03/2021

18:32

4.784

Големина на фонт

а а а

Шпанската актерка која оваа година ќе наполни 47 години, ги изненади своите фанови со новата промена во изгледот.

Според зборовите на фризерите, боб фризурата ќе биде апсолутен пролетен хит, а на овој тренд очигледно не успеала да му одолее ниту Пенелопе Круз.

Актерката споделила фотографија на својот Инстаграм профил и ги изненадила сите со новата, многу практична и шик фризура.

Со оглед на фактот што со години ѝ е верна на долгата коса, ваквата промена беше потполно неочекувана, но судејќи според коментарите и лајковите, на нејзините фанови исклучително им се допаѓа оваа промена на имиџот.

За само неколку часа, објавата собрала над 400 илјади лајкови. Како ви се допаѓа боб фризурата на Круз?


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk