Монохроматски, полупроѕирно, моќно! Анџелина Џоли и нејзината ќерката ги привлекле сите погледи на црвениот тепих

Кармин

01/10/2021

19:47

8.294

Големина на фонт

а а а

Актерката со ќерката Захара вчера присуствувала на гала доделувањето на наградата „Моќта на жените“, на магазинот „Variety“ во Беверли Хилс, каде двете го привлекле вниманието со едноставни модни решенија.

Актерката, режисерка и активистка, Анџелина Џоли (46) вчера прошетала по црвениот тепих во Центарот за изведувачки уметности „Волис Аненберг“ во Лос Анџелес, во друштво на нејзината ќерка Захара (16) и поетесата Аманда Горман (23).


Тие биле меѓу познатите гости на настанот наречен „Моќта на жените“, каде Анџелина одржала говор и ја доделила истоимената награда за списанието „Variety“. Како што истакнала Џоли, младата поетеса не е само најмладиот туку и најсилниот глас кој Америка моментално го има.

Актерката и нејзината ќерка Захара, која е позната вљубеничка во модата и пред две години се пробала како дизајнерка на накит, во соработка со Робер Прокоп, одлучиле да се појават на овој настан во монохроматски изданија.


Анџелина носела светло-кафен фустан, затворен, полупроѕирен модел со долги ракави. Таа избрала неколкуслоен фустан, кој е многу популарен во лето, но Анџелина се одлучила за есенска варијанта и изгледа заносно.

Со таква неутрална боја на облека, актерката носела црвен кармин и лак за нокти, додека поради должината на тоалетата не се гледале чевлите.


Од друга страна, нејзината ќерка комбинирала длабоки бели панталони со широки ногавици со бела блуза 3/4 ракави и бели патики, а носела и симпатични обетки со бели бисери и ефектен бел ремен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk