Се венчала со Трамп поради тоа што била бремена, но набрзо потоа се развеле: Тој со неа ја изневерил сопругата, заборавил на трите деца и ѝ дал богатство

Кармин

21/12/2021

13:21

12.733

Големина на фонт

а а а

Кој би рекол дека оваа жена има 58 години? Изгледа навистина неверојатно!

Марла Мејплс е втората сопруга на Доналд Трамп, а деновиве ужива на плажа во Мајами.

Актерката Марла ретко ја гледаме во јавноста, а втората сопруга на поранешниот американски претседател и претпиемач, Доналд Трамп, овие денови ја покажала својата фигура на тело на плажа во Мајами.


Инаку, Марла и Трамп пред олтар застанале во 1993 година, два месеци откако на свет пристигнала нивната ќерка Тифани. Нивниот брак не успеал, па по пет години се развеле.

„Не се согласувавме во погледите на светот, а имавме и различни идеи за воспитување на нашата ќерка“, изјавила Марла пред пет години за „People“.

По разводот од Доналд, Марла се преселила во Калифорнија каде ја одгледувала својата ќерка.

„Се занимавав со new age и филантропија за да останам фокусирана на воспитувањето на моето дете. Ни на крај памет дека ќе ја одгледувам сама“, признала таа во некое интервју.


Додала дека Трамп на нивната ќерка ѝ овозможил високо образование и сè што ѝ било потребно во финансиска смисла, но сè останато таа направила сама.

Поранешната манекенка и актерка, Доналд Трамп ја запознал во 1985 година на некој тениски турнир додека тој сè уште бил во брак со Ивана. Токму нивната афера била причината за распаѓањето на бракот на Ивана и Доналд, а американските медиуми будно го следеле развојот на настаните.


Трамп признал дека не сакал повторно да се венча, но сè се сменило поради бременоста на Марла. Исто така голема прашина подигнал и предбрачниот договор кој го потпишала, но поранешниот американски претседател изјавил дека тоа било нужно за тој да може мирно да спие.

По разводот Марла не добила богатство како Ивана, а неколку пати јавно изјавила дека ѝ било смешно кога луѓето мислеле дека поради разводот се збогатила.


Трамп не криел дека кон својата сопруга бил великодушен во финансиска смисла, но гласините тука прекинале.

И двајцата го продолжиле својот живот без меѓусебно понижување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk