За неа не постои табу! Најмладата Кардашијанка искрено за постпородилната депресија: „Плачев без престан“

Кармин

26/10/2022

17:29

4.708

Големина на фонт

а а а

25-годишната Кајли Џенер е мајка на Сторми (4) и син чие име со месеци не го знаеме. Двете деца ги има со партнерот Травис Скот.

На почетокот на оваа година, таа искрено зборуваше за борбите со кои се соочила како мајка. Кајли уште подлабоко навлезе во темата во новата епизода на „Keeping Up with the Kardashians“.

Таа сподели како патела од нешто што го нарекла „бејби блуз“ по раѓањето на нејзиниот син, што всушност е поблага форма на постпородилна депресија.

„Првите три недели непрекинато плачев цел ден“, изјавила таа во емисијата, пренесува ТМЗ.


„Тоа е само бејби блуз и потоа некако исчезнува. Тоа го имав и со Сторми“.

А, додала и дека во тој период „лежела во кревет, бидејќи многу ја болела главата“.

Ѕвездата раскажа и како бременоста го променила нејзиното тело и како се чувствувала поради промените.

„Се чувствувам навистина добро со моето тело. На пример, го гледам моето тело и го сакам, моите попуштени гради“, откри таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk