Како што е познато, моделот ја носи ознаката „EQG“, а ќе располага со електричен погон со четири независни електромотори. Секако, ќе се напојува од огромните батерии за возилото да има задоволителен досег и при возење на терен.
Колку „G“ класата навистина може одлучил да покаже и првиот човек на „Mercedes“ Ола Кулениус, возејќи на австриската планина Шокл.
Во текот на возењето не го штедел возилото, што јасно покажува и реакцијата на совозачката. На крајот извел и вртење на возилото во место познато како „tank-turn“, кое сега го нарекува „G-Turn“.
Интересно е дека „G-Turn“ ќе биде опција и на сериското возило, а корисникот ќе може да избере колкав агол на вртење сака – 90, 180, па се до 360 степени.
Премиерата на „EQG“ ја очекуваме во текот на 2024-та година, а потоа наводно следи и доаѓање на помал модел, таканаречен „Little G“.