Тенисот како спорт, дефинитивно е еден од најтешките спортови кои воопшто се играат. За мали подобрувања се потребни месеци, изискува големи финансии, специфични услови за трeнирање и многу работи да се поклопат за да има напредок.
Но, и покрај сѐ да се игра тенис е нешто волшебно, посебно чувство! Сите оние кои почнале малку повеќе да играат се имаат вљубено во овој спорт, и не се откажуваат од него. Кога пак на еден тениски тренер ќе му поставите лично прашање, како на пример дали е добар, најчестиот одговор е дека ако ме гледате на терен, како играм или тренирам некого, значи дека сум одличен.
Таква е и приказната со Круно Деспотовски, младински национален селектор, тениски тренер кој работи со нашите најталентирани млади тенисери, од чиј матичен клуб доаѓа и нашиот најдобар младински тенисер Амар Хусеиновиќ, победник на повеќе државни првенства до 16 години, високо рангиран на младинските европски листи, еден од ретките кој рамноправно се носи со противниците на меѓународните натпревари.
Со Круно разговараме на теми како младинскиот тенис во земјава, неговите перспективи и оцена за тоа како стоиме во споредба со другите земји.
Според мене тренерите имаат голем удел во формирањето на младите играчи и би рекол дека 50 проценти е важен тренерот во целокупниот развој на еден натпреварувач. Јас како тренер кој секојдневно работи со млади играчи во нашата држава мислам дека ние како тренери имаме голема привилегија да работиме и креираме нешто кај идните генерации.
Би сакал да видам дека сите тренери се свесни за оваа привилегија и да го дадат своето внимание максимално зашто од нас зависи.
Пресудно нема. Дури и сите прави чекори да ги направите како тренери или како родители успехот не е загарантиран. Сепак напорни тренинзи, фитнес тренинзи, работа на спортската психологија кај децата и секако турнири се неколку од најбитните сегменти кој би ви дале некој патоказ кон успехот. Секако за сето се потребни многу финансии и затоа е многу важно нашите најдобри тенисери да бидат препознаени за да може да им се овозможат овие услови за напредок.
Мислам дека кај нас масовноста е многу мала и секако доколку имаме поголема масовност верувам дека ќе имаме и поквалитетни натпреварувачи. Секако тоа би било и мотив за тренерите да работат и поквалитетно и да го креваат своето ниво на тениско образование. Доколку стигнеме до ваква позиција нашите натпреварувачи секако би биле поконкурентни на меѓународните турнири.
Нашата држава дава помош на македонските тенисери преку ваучерскиот систем. Меѓутоа сепак тоа се многу малку средства во споредба колку е потребно за една сериозна меѓународна тениска програма. Се надевам дека буџетот за спорт во нашата држава би бил многу поголем зашто сепак тука ние ја градиме иднината на нашата држава. Генерациите што ќе ги создадеме се нашите корења за во иднина. А според мене спортот е најдобар учител.
Тенисот зема голем замав низ целиот свет. Во САД конкретно во последниве 3 години има пораст на тенисот за 25 проценти. Тоа е огромна бројка, и показател за големиот придонес кон здравјето на сите кои играат тенисот. Под здравје подразбирам и за сите рекреативци кои играат и знаат колку психо моторички вештини се развиваат и секако социјални сегменти, итн. Со еден збор тенисот е спорт за цел живот. Повелете во клубовите низ нашата држава за да тренерите ве запознаат со овој убав спорт.