Перица Голомеиќ од Рагуза Груп: Во ресторанската индустрија, доследноста е една од клучните ставки за успех

Точка

16/05/2023

16:11

62.794

Големина на фонт

а а а

РАГУЗА ГРУП прославува 30 години постоење. Со богата историја, почнувајќи од скромни почетоци, рестораните во склоп на РАГУЗА ГРУП прераснуваат во исконски дестинации за прославување на најубавите моменти од животот. Посветеноста и напорната работа сите овие години се доказ за успешноста на угостителските објекти на Рагуза Груп.

И додека групацијата ја прославува 30-годишнина, со Перица Голомеиќ, еден од сопствениците на Рагуза Груп, зборуваме зa патувањето кое довело до 30 годишното достигнување.

Што за Вас значи Рагуза? Кој е рецептот за истрајност цели 3 децении во ресторанската индустрија?

30-годишнината е значајна пресвртница и ние сме среќни што го прославуваме ова достигнување со клиентите, соработниците и поддржувачтеи на Рагуза Груп. Посебен рецепт за истрајност толку многу години, не постои. Меѓутоа како во угостителската индустрија, така и во секој фамилијарен бизнис мора да постои храброст, истрајност и меѓусебно разбирање. Генерално, поседувањето и управувањето со угостителски објекти бара комбинација од напорна работа, посветеност и внимание на деталите. Со земањето предвид на овие лекции и континуирано учење и растење, шансите да успеете и покрај големата конкуренција се големи.

Сметате ли дека доследноста во водењето бизнис е клучна за успех?

Во ресторанската индустрија, доследноста е една од клучните ставки за успех. Клиентите очекуваат добар квалитет на храна, одлична услуга и ново искуство секогаш кога ќе го посетат угостителскиот објект. Како резултат на тоа, важно е да се воспостават стандарди. Обезбедувањето одлична услуга за клиентите ја зголемува репутацијата на угостителскиот објект и влијае позитивно врз неговата пазарна поставеност. Чувствувајќи се добредојдени, ценети и слушнати , за клиентите е од суштинско значење за градење лојалност и доверба. Морам да додадам дека од големо значење за самиот бизнис е и соодветната обука и спремност на персоналот која ќе обезбеди константен раст и успех кој е неминовен.

Вие и Вашиот брат сте наследници на бизнисот. Колку поддршката од семејството Ви помогнала низ годините во соочување со предизвиците кои се неизоставен дел од водењето бизнис?

Среќен сум што јас и мојот брат Гоце, кој е воедно и моја најголема поддршка и партнер во продолжувањето на традицијата на нашиот фамилијарен бизнис, функционираме како целина. За нас семејството е најважно. Сета таа емоционална поддршка за време на стресните и предизвикувачки времиња што доаѓаат со водење угостителски бизнис, ја добиваме од нашето семејство и тимот со кој што работиме. Тие се оние кои нѐ охрабруваат и мотивираат кога работите стануваат тешки, а тоа ни помага да останеме фокусирани и посветени на нашите цели.

Кога сме кај семејството, Вашиот покоен татко е човекот кој ја започнува пресвртницата наречена РАГУЗА. Горди ли сте на сѐ што направил?

Нашиот покоен татко е столбот на Рагуза Груп. Тој е човекот на кого јас и мојот брат вечно ќе бидеме благодарни. Сите овие 30 успешни години се неговата заслуга. Тој, почнувајќи со еден скромен ресторан во далечната 1993 година, заедно со нашата мајка, успеал да направи империја, а одговорноста е дефинитивно многу поголема кога имате изградено наследство, кое мора постојано да го одржувате. Татко ми беше човек со големо срце и најчиста душа. Сигурен сум дека е неизмерно горд што неговата страст кон угостителството денес резултира со 30 години постоење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг