Ќе уживате во секој залак: Колач без брашно кој ќе го обожуваат сите љубители на чоколадо

Точка

28/11/2023

17:27

1.645

Големина на фонт

а а а

Иако десертите кои се печат во рерна е речиси невозможно да се замислат без брашно, овој чоколаден колач ќе ги воодушеви сите љубители на чоколадо уште од првиот залак.

Се подготвува од основните состојки за колачиња и торти, а одлично оди и со разни напитоци како кафе, чај, какао...

Овој чоколаден десерт е исто толку вкусен и кога е изладен, а можете да го јадете со прелив од шумско овошје или топка сладолед од ванила.

Потребни состојки:

- 150 гр. путер
- 6 јајца
- 300 гр. темно чоколадо
- 200 гр. шеќер
- 30 гр. какао
- една кафена лажичка сол
- по желба екстракт од ванила или рум


Начин на подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 180 степени, а потоа намастете или обложете со хартија за печење калап за колачи од 24 сантиметри.

Во сад на тивок оган внимателно растопете ги чоколадото и путерот. Кога состојките ќе се соединат, тргнете ги од шпоретот.

Потоа во две поголеми чинии одвојте ги жолчките од белките. Во жолчките додадете какао, сол, 100 грама шеќер и екстракт од ванила или рум. Состојките изматете ги со миксер, па додајте ја смесата од чоколадо и путер и повторно изматете.

Во друг сад со миксер изматете т.н. снег од белка, постепено додавајќи го остатокот од шеќерот. Кога ќе добиете цврст снег од белките, внимателно префрлете го во смесата со останатите состојки и нежно мешајте додека не добиете изедначена смеса.

Готовата смеса истурете ја во калапот и печете околу 30 минути на 180 степени. Кога површината на колачот ќе добие кора, со чепкалка за заби проверете дали колачот е печен. Ако чепкалката за заби е сува и чиста по проверката, вашиот колач е готов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг