Марк Волберг може да се разбуди во 3:30 часот, да вежба и да се моли, но тврди дека тоа не значи дека е најдисциплинирана личност во своето семејство. Таа чест и припаѓа на неговата ќерка Грејс.
„Мојата ќерка, верувале или не, е подисциплинирана од мене. Не ја усвоив дисциплината со која таа може да се пофали до 30-тите години“, изјавил тој за „E! News“.
13-годишната Грејс се занимава со јавање, а страста кон тој спорт ја довела до тоа самата да создаде строга рутина.
„Таа сака да биде олимпијка и самата се труди тоа да го постигне“, додал Волберг.
Волберг со сопругата Риа Дурам има четири деца. Иако верата му е важна, не ги форсира децата да ја следат. Наместо тоа, ги поттикнува да го следат тоа што го сакаат, па макар тоа било и јавање, за кое Волберг се пошегувал дека е „најскапото хоби“.