Борусија обезбеди осминафинале на „Сан Сиро“, ПСЖ извлече реми против Њукасл

Макфакс

28/11/2023

23:42

771

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд оствари многу важна победа на гостувањето кај Милан (1:3), додека ПСЖ со пенал во самиот финиш извлече реми против Њукасл (1:1) во натпревар од истата група.

Неизвесноста ќе продолжи и во последното коло, но најмногу профитираше бундеслигашот кој си обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите, иако Милан прв имаше шанса да поведе.

Жиру не реализираше пенал, а казната стигна за кратко време со реализираниот пенал на Ројс за водство на Борусија. Чуквуезе израмни со убав соло гол во првиот дел, но во продолжението најпрвин Бино-Гитенс реализираше за 1:2, а Адејеми ги постави конечните 1:3.

Њукасл долго водеше со голот на Исак, но ПСЖ извлече реми по пеналот досуден во завршницата. Стрелец на голот од белата точка беше Мбапе. По оваа рунда, Борусија има 10, ПСЖ 7, а Њукасл и Милан имаат по 5 бода.

Манчестер Сити направи голем пресврт против РБ Лајпциг кој водеше со 0:2 со два гола на Опенда, но Халанд, Фоуден и Алварез ги поставија конечните 3:2 во продолжението.

Барселона исто така правеше пресврт против Порто и победи со 2:1 за моментно прво место во групата и три бода предност во однос на вечерашниот противник и Шахтјор.

Атлетико Мадрид го победи Феенорд како гостин, а со себе во осминафиналето на ЛШ го повлече и Лацио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг