Карло Анчелоти не штедеше комплименти за Винисиус Жуниор откако Бразилецот имаше историска партија на „Ел Класико“ дербито против Барселона, не пропушти да испрати и една забелешка за него и Џуд Белингам.
Како и обично, Италијанецот ја прослави големата победа со голем респект кон лутиот ривал и даде позитивни изјави за играта на Барса по новата освоена титула, а ги прозва и двете млади ѕвезди чии потези му привлекле внимание.
При убедливо водство од 4:1, Винисиус и Белингам почнаа да играат со голема слобода и додаваа со пета, па Дон Карло нагласи дека не му се допаднал таквиот пристап.
Анчелоти и претходно ги има опоменувано своите фудбалери за непотребното користење на пета, а со својот џентлменски пристап се почесто покажува дека е вид кој за жал изумира во модерниот фудбал.
– Што му кажав на Винисиус по мечот? Му кажав добри работи, но и дека не ми се допадна играњето со пета. Правеа такви работи и тој и Белингам и знаете дека тоа не ми се допаѓа. Не сакам да играат со пета, нема потреба од такво нешто, – изјави Анчелоти кој вчера ја освои 11-та титула во кариерата како тренер на Реал, израмнувајќи се со Зинедин Зидан.