За собните растенија да изгледаат убаво и да го красат просторот, за нив мора редовно да се грижите. Тоа не е секогаш едноставно како што ни се чини, но со помош на овие препарати ќе си го олесните процесот.
Доколку сакате вашите собни растенија побрзо да растат, нивниот раст може да го забрзате со користење на природни работи.
Лушпите од јајца најчесто ги фрламе, а всушност можеме да ги искористиме како природно ѓубриво за домашните растенија. Лушпите содржат многу калциум и спречуваат гниење на корените. Пред да ги додадете во растението, лушпите чувајте ги во вода пет-шест дена, а потоа додадете ги во земјата.
Освен тоа, водата во која сте ги чувале исто така може да ја искористите за растенијата. Помешајте вода со водата во која сте ги чувале лушпите од јајца во сооднос 5:1 и со тоа полејте ги растенијата.
По варењето на јајцата водата зачувајте ја за полевање на растенијата затоа што е полна со калциум.
Секако, пред да ги полеете растенија оставете водата целосно да се излади.
Кога ќе го испиете кафето, наместо да го фрлите талогот, со него нахранете ги растенијата. Експертите велат дека ова е прекрасно природно ѓубриво за растенија затоа што содржи три многу важни компоненти кои му се потребни – азот, калиум и фосфор.
Доколку го додавате талогот од кафе во растенијата тие ќе растат побрзо и ќе бидат погусти.