Совршена за славската трпеза или како самостоен оброк: Рецепт за кремаста салата од зелка каква што досега можеби не сте пробале

Кармин

27/11/2023

16:05

3.440

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате зелка салата, обидете се да ја направите според овој рецепт којшто гарантира кремасто совршен вкус.

Салатите за многумина се неизоставен дел од трпезата и неверојатно предјадење, па домаќинките сакаат да ги направат според некои вкусни рецепти.

Доколку подготвувате трпеза за слава тогаш може да ја послужите и оваа малку поразлична верзија за кремаста зелка салата.

Состојки:

- 600 грама свежа зелка;
- 3 варени јајца;
- 300 грама кашкавал;
- 1 млад кромид;
- 4 чешниња лук;
- 3 лажици мајонез;
- Сол, бибер (зачини по вкус).


Подготовка:

1. Изрендајте ја и посолете ја зелката, а потоа изрендајте ги варените јајца и кашкавалот.

2. Младиот кромид исечкајте го, како и лукчето. Сето тоа помешајте го, па зачинете.

3. Додадете и мајонез.

4. Доколку сакате салатата да изгледа поинтересно, може да ја аранжирате во полутопка, да ја украсите со младо кромитче од страна, а над неа да изрендате жолчки од јајца.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk